Променливо облачно, во западните и североисточните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, а во западните планински делови силен ветер од западен и југозападен правец, на моменти со брзина околу 90 км/час.
Утринските температури ќе се движат од 3 до 8, додека дневните ќе бидат во интервал од 9 до 15 степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 4 и дневна до 12 степени.