Промоција на графичкиот роман „Легендите на Тур де Франс“ во издание на Бункер

Графичкиот роман „Легендите на Тур де Франс“ од Јан Клејне во превод на македонски јазик излезе од печат во издание на Бункер и ќе има промоција утре, 2 октомври, во 19 часот и 30 минути во Котур Кафе и Филм.

Промотори на графичкиот роман ќе бидат Ласко Џуровски и проф. д-р Јован Јовановски.

Преводот на македонски јазик е на Ели Пујовска.

Јан Клејне (1977) е еден од истакнатите холандски стрип автори од поновата генерација. Легендите на Тур де Франс е неговиот прв графички роман со кој постигна голем успех. Покрај оригиналната холандска верзија преведен е и на англиски, француски, германски, шпански, кинески(мандарински), дански јазик и објавен во 15тина земји. Угледните Гардијан и Криејтив Блок го вброија меѓу најдобрите графички романи објавени во 2014. Македонското издание е прво во овој дел од Европа.

Романот ја следи приказната на велосипедската трка Тур де Франс, еден од најголемите светски спортски настани, од нејзините почетоци во 1903 до модерните времиња. Во неа се вткаени 425.691 извозен километар, над 100 години традиција, големи тркачки легенди и скандали...

Објавувањето на графичкиот роман Легендите на Тур де Франс на македонски јазик го поддржаа Град Скопје и Холандскиот фонд за литература Letterenfonds.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе