Промоција на книгата Книжевна мапа на Скопје во Градската библиотека

Во чест на 13 Ноември, како и во рамките на одбележувањето на својот 78. роденден, Градската библиотеката „Браќа Миладиновци“ ја организира промоцијата на книгата „Книжевна мапа на Скопје“ од Моника Илкова.

Промоцијата е закажана за понеделник (13 ноември) во 12 часот во спомен-собата „Т’га за југ“. За делото ќе говори Весна Мојсова Чепишевска, а фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

„Книжевна мапа на Скопје“ (издание на Центарот за култура и културолошки студии) е дело во кое Илкова ја истражува новата македонска книжевна сцена кај која односот кон градот повторно се пројавува како една од доминантните творечки преокупации.

„Следејќи ја хронологијата на книжевните дела поврзани со Скопје што ни ја овозможува Илкова, повторно се потврдува дека како што посочува и таа – Скопје во секој период од своето постоење бил најубав град, само тоа, речиси секогаш (барем во книжевноста), отпосле му е признато“, подвлекува Иван Антоновски, уредник на книгата.

Ова е книга која му е потребна и на Скопје, затоа што преку книжевната и културолошка анализа го прикажува во различни периоди на неговиот развој за кои различни генерации имаат носталгија. Ама оваа книга, поради истражувачката темелитост со која се одликува, им е потребна и на македонската книжевна наука и на македонската културологија – пишува во рецензијата Весна Мојсова Чепишевска.

Моника Илкова е родена во 1993 година во Битола. Има дипломирано и магистрирано на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Од 2017 година работи како лектор по македонски јазик на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Ниш. Има учествувано на повеќе конференции и собири како „Млади македонисти“, „Како си ми?“, „Меѓународен славистички собир“, и има објавено текстови во повеќе книжевни списанија. За време на студиите, има работено како уредник во издавачката куќа Антолог, има преведено неколку романи од англиски на македонски јазик и била дел од организацијата на Фестивал на европска литература BookStar. Освен со книжевност, се занимава и со графички дизајн.

Настанот е дел од богатата програма на Град Скопје – европска престолнина на културата за 2028 година.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Култура

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more
 

Вести

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе