МК сцена

Промоција на новиот албум на Смат

4. април 2012 - 16:18 | Д.П.

Еден од најпопуларните хардкор бендови кај нас, Смат, во вторник, 10 април ќе го промовираат својот најнов албум - „Мемоарите на скршениот човек“ во скопското кафуле Љубов.

Смат е хардкор бенд што ја почна својата кариера во 1996-та година, а момците од бендот (Иловски Ѓорѓи- вокал, Антовски Благоја-тапани, Најдовски Дарко-бас, Дејан Николовски-гитара и Горан Ристевски-гитара) денес веќе важат за херои на хардкор сцената во Македонија.

Smut со сигурност се вбројуваат меѓу омилените бендови на верната домашна публика на цврстиот звук. Групата во своите песни обработува теми од секојдневниот живот и сите негови аспекти со кои се заокружува постоењето на еден човек.

 Потврда за својот успех Smut добија имајќи чест да настапуваат на иста сцена со бендови како Sick Of It All, Biohazard, Integrity, Hatebreed, Madball, Ignite, Defdump, Born from Pain, Death Before Dishonor. Зад SMUT досега има три официјални изданија: „Smut“, „Forever is not enough“, „All I Have“.

Последниот албум „Мемоарите на Скршениот Човек“ е издание на Пасворд Продукција и содржи десет моќни композиции низ кои Смат ја испреплетуваат болката на еден млад човек и неговата конфузна реалност кој целиот свој живот го поминал во транзиција.

На промоцијата на 10-ти април, во „Љубов“ ќе биде промовиран и спотот за песната “Срце на Бина” режиран од Владимир Митревски.

 

Коментирај