Пронајден машки труп на Бистра, можно е да е еден од изгубените татко и син

Основното јавно обвинителство – Гостивар нареди обдукција на тело во распаѓање пронајдено на падините на Бистра, пронајдено во месноста викана Кош во непристапниот терен кој води од Лазарополе кон Гари.

Обдукцијата ќе се врши на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје.

Првичните сознанија упатуваат дека починатото лице е еден од двајцата исчезнати - татко и син по кои се трагаше во изминатиот период на падините на Бистра. Сепак, обдукцијата треба да го утврди точниот идентитет на жртвата и причините за смртта, соопштија од обвинителството.

Инаку, во потрагата која траше две недели, по исчезнувањето на 78-годишниот Љубомир Мицевски и неговиот 50-годишен син Сашо, се вклучија и армиските сили. Се трагаше од земја и од воздух, а трагаа роднините и пријателите, полицајци од повеќе сектори на МВР, како и обучени полициски кучиња, по шумите и долините на Бистра за да најдат каква и да е трага која ќе може да им навести дека таткото и синот минале по некоја патека.

Таткото и синот биле облечени во воено-маскирни панталони. На соселаните кои ги сретнале во селската продавница од каде тоа утро купиле јадење им рекле дека одат да берат печурки. По неколку часа, по мобилен телефон неколкупати контактирале со соселаните. Им рекле дека се загубиле и дека не знаат каде се. Во краткиот опис за локацијата каде се наоѓаат, рекле дека околу нив има многу папрати. Претпоставувајќи дека се во месноста Ѓурепи, неколку селани од Лазарополе започнале потрага. Но, до вечерта не ги нашле. Следниот ден во потрагата се вклучиле и полициски специјалци.

Љубомир Мицевски е поранешен офицер на ЈНА. Родум е од Велес, но безмалку цел живот го минал работно во Скопје. Неговиот син Сашо работи во МВР. Куќата во Лазарополе ја имале од поодамна.

Последен контакт пред да им се испразни батеријата од мобилниот бил околу 22 часот. Од тогаш никој не знае каде се.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Хроника

Сообраќајка со полициско возило во Скопје, шестмина повредени

Read more

Тепачка во штипскиот затвор, надвор стигнала и поддршка од 30 лица

Read more

Двајца повредени во пожар во куќа во Скопје

Read more

Обезбедувач на Гинекологија во Чаир бил претепан од две лица

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Читај повеќе

Временски сензации – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Читај повеќе

Најмалку 20 тела во распаѓање пронајдени на брод во Бразил

Читај повеќе

Без вода дел од Карпош

Читај повеќе

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: Група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Читај повеќе

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Г7 подготвува мерки против Иран

Читај повеќе

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Читај повеќе

Сообраќајка со полициско возило во Скопје, шестмина повредени

Читај повеќе