Хроника

Пронајдена е малолетната кичевка пријавена за исчезната

14. јануари 2019 - 14:59 | МИА
Кичево ,14 јануари 2019 (МИА) – Пронајдена е 15-годишната кичевка по која трагаше полицијата по пријава од нејзината мајка.
 
Како што извести портпаролот на СВР -Охрид Стефан Димоски, девојчето синоќа било пронајдено околу полноќ.
 
-На 13 јануари оваа година, во 15 часот и 15 минути во полициската станица во Кичево, У.С.44 годишен од Кичево пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка исчезнала. Полициската станица Кичево презеде мерки и малолетничката е пронајдена синоќа околу 00:00 часот, изјави Димоски. 

Коментирај