Наука

Пронајдена првата опашка од диносаурус зачувана во килибар

9. декември 2016 - 16:18 | Д.П.

Опашката од 99 милиони години стар диносаурус заедно со коските, мекото ткиво, па дури и пердувите е најдено зачувано во килибар, објави денеска National Geographic.

Досега научниците имаа откриено пердуви од тој период зачувани во килибар, како и докази за диносауруси со пердуви како фосили, ова е првпат тие да имаат можност без дилеми да ги поврзат пердувите со диносаурус и да добијат подобри сознанија за нив.

Истражувањето го предводи палеонтологот Лида Џинг од Кинескиот Универзитет за геолошки науки.

Според научниците ова откритие ги покажува почетните разлики меѓу пердуите на птиците што летаат и пердувите на диносаурусите.

Структурата на опашката открива дека станува збор за дел од млад диносаурус - Целуросаур кој е дел од групата тероподи во која се вклучени многу видови од тираносаурусот, па се до модерните птици.

 

Коментирај