Свет

Пронајдени 39 безживотни тела во камион во Англија

23. октомври 2019 - 12:16 | Б.С.Б.

Вкупно 39 тела се пронајдени во камион во Есекс, Англија. Камионот стигнал од Бугарија, а возачот е 25-годишно момче од Северна Ирска.

Телата се пронајдени во камион паркиран во индустриски парк, ноќеска по полноќ. Според достапните информации, камионот патувал од Бугарија кон Велс.

„Ова е трагичен инцидент во кој многумина ги загубиле животите. Истрагата ќе открие повеќе детали за трагедијата“, вели Ендру Меринер, шеф на полицијата.

Во тек е идентификација на жртвите, станува збор за тела на мажи, а меѓу нив има и тинејџер. Возачот е уапсен под сомнение за убиство.

Коментирај