Хроника

Пронајдени над 200 куршуми кај жител на тетовско Глоѓи

15. февруари 2019 - 10:59 | МИА
Скопје, 15 февруари 2019 (МИА) – При претрес во домот на жител од тетовското село Глоѓи полицијата пронашла над 200 куршуми за пиштол, што нелегално ги поседувал, соопшти полицијата.

-Вчера во периодот од 13:30 до 15:30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на К.Н.(64) во село Глоѓи, тетовско.  При претресот биле пронајдени и одземени 185 куршуми за пиштол калибар 7,62 милиметри и 40, исто така, куршуми за пиштол, калибар 6,35 милиметри, за кои К.Н. не поседувал соодветна документација.

К.Н. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, се наведува во денешниот полициски билтен. 

Коментирај