Просечната плата во јуни изнесувала 22.187 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни изнесувала 22.187 денари, или за 0,7 отсто повеќе во однос на платата во јуни минатата 2015 година, а во јуни годинава 1,6 отсто од вработените во земјата не примиле плата, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според ДЗС, ваквото зголемување, во прв ред, се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: градежништво - 10,6 отсто, административни и помошни услужни дејности - 6,3 проценти, и во секторот земјоделство, шумарство и рибарство од 6,3 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, и тоа од 4,4 отсто, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 3,7 отсто, и стручни, научни и технички дејности од 3,4 отсто.

Според ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни годинава изнесува 32.637 денари.

реклама

Македонија

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more
 

Вести

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе