Само неколку дена пред официјалната промоција на новиот смартфон на HTC, тајванската компанија „случајно“ го објави промо видеото што ја открива уникатната опција на овој модел. HTC Ocean на рабовите има сензори осетливи на допир, а нема физички копчиња.
На видеото се гледа дека рабовите на уредот можат да се користат како навигациски инструмент за брзо селектирање и активирање на апликации.
Тајванската компанија на 12 јануари ќе претстави три нови уреди, меѓу кои ќе бидат моделот од видеото, еден модел од средната класа, како и еден фаблет.
Remember the HTC Ocean? (https://t.co/q5ghm3vQ8Z) pic.twitter.com/GtpqowETjM
— Evan Blass (@evleaks) January 8, 2017