Мобилни

Протече првата фотографија од Samsung Galaxy S8

8. јануари 2017 - 12:07 | И.М.

Иако не станува збор за официјална фотографија, ова е наводно првиот приказ на изгледот на Galaxy S8, смартфонот на Samsung што долго се очекува.

Фотографијата која кружи на интернет последниов ден, наводно покажува како ќе изгледа овој смартфон однапред. Прво што се забележува е големиот екран, што се очекуваше од овој смартфон. Исто така, веднашсе забележува и отсуството на „Home“ копчето, кое што сега е во форма на скенер за отпечатокна прст, сместен под дпод дисплејот.

Се очекува уредот да работи на најновата верзија на Android, 7.0 Nougat. Смартфонот би требело да има 8 GB RAM, 12-мегапикселна камера, 5,7-инчен екран, Qualcomm Snapdragon 830 процесор и батерија од 3.000 mAh. 

Samsung Galaxy S8 најверојатно ќе биде претставен во март, оваа пролет.

Коментирај