Протекоа првите фотки од трите нови телефони Galaxy S23

Премиерата ќе биде само формалност - веќе сѐ се знае за телефоните Galaxy S23 на Samsung.

Не престанува протекувањето информации за новите Samsung телефони. Не сме сигурни дека остана нешто со кое јужнокорејскиот технолошки гигант ќе успее да нѐ изненади, а според најновите слики кои се објавени на веб-страницата Slashleaks рендерите кои имавме можност да ги видиме кон крајот на септември се покажаа како точни.

На сликите кои ги сподели корисникот Leakspinner може да се видат dummy единиците на сите три модели на Galaxy S23 во црна и бела боја, како и новиот дизјан кој Samsung ни го подготви - нешто слично како што можевме да видиме за iPhone 14 уредите три месеци пред официјалното лансирање.

Се приметува дека Samsung новиот дизајн го засновал на телефонот Galaxy S22 Ultra со посебни „острови“ за камера на задната страна на сите три уреди. Galaxy S23 Ultra е речиси идентичен на својот претходник, со екран од околу 6,8 инчи, 5 „острови“ на задната страна и помалку заоблена рамка. Се разбира, ни поевтиниот модел не носи големи промени бидејќи единствената разлика е во изгледот на системот на камерата.

Она што не се гледа на сликите, а што го знаеме од претходните пати кога протекуваа информации, е тоа што новите телефони ќе имаат UFS 4.0 внатрешна меморија и LPDDR5X рам, како и дека ќе користат ексклузивна верзија на чипсетот Snapdragon 8 Gen 2, кој ќе има поголема брзина на такт во однос на конкуренцијата - како процесор, така и Adreno 740 графика.

URL

За разлика од претходните модели, Samsung наредната година ќе донесе ист дизајн и на своите уреди од средна класа. Така, Galaxy A54 и Galaxy A34 ќе имаат ист изглед на системот на камерата како и поскапите модели.

Тагови
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Мобилни

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Read more

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more
 

Гик

Прикажан првиот 4K дисплеј од 1000 Hz во светот

Читај повеќе

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе