Протест пред судот за затворската казна на Абдулфета Алими

Скопје, 22 март 2019 (МИА) – Пред Кривичниот суд во Скопје попладнево се одржува протест поради изречената затворска казна на Абдулфета Алими, кој беше осуден на седум години затвор како еден од обвинетите за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.

Учесниците на протестот кои се собраа пред споменикот на Скендeр Бег по што дојдоа пред судот, носат маици со ликот на Алими и извикуваат пароли: „Нема правда нема мир“, „Правдата не е пазар“, „Да спасиш човек, не значи дека си терорист“.

Сообраќајот на булеварот пред судот е блокиран, а околу зградата има засилено полициско присуство.

Абдулфета Алими, кој беше еден од сведоците на судењето за нападот врз Зијадин Села, тврди дека не учествувал во насилствата во Собранието на 27 април туку помагал да се спаси и евакуира лидерот на Алијансата на Албанците.

Обвинителката Вилма Рускоска, пак, во телевизиско интервју рече дека Села не бил спасен од Алими туку од еден од демонстрантите. Алими, вели Рускоска, на 27 април бил одговорен за вратите на Собранието и ако си ја вршел работата немало да треба никого да спасува.

Против затворската казна на Абдулфета Алими јавно се изјасни и лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе