Протести против ЕВН во Дебар

Пред седиштето на ЕВН во Дебар се одржаа протести во организација на невладината организација „Еден долар за Дебар“, на кои е побарано од ЕВН во рок од десет дена да ги земе предвид барањата што се изнесени на овој протест.

Во барањата доставени до ЕВН и другите надлежни институции во земјава, покрај другото се – отстранување од сметките 33 отсто, потоа да нема наплата за потрошувачите при давање на приклучок до мерилото за електрична енергија, издавање бесплатно мерачи за електрична енергија, почитување на законот за исплата на заостанатите долгови, намалување на цената на електричната енергија во согласност со стандардите во Македонија, новите трафостаници да се градаат со средства на ЕВН, а не да ги плаќаат граѓаните, решавање на проблемите со социјално загрозените потрошувачи, редовно да има стабилна електрична енергија за да нема штети врз електричните апарати, да нема паушални сметки и вработените во ЕВН да имаат обврска да ги информираат потрошувачите за нивото на потрошена електрична енергија.

Исто така на протестот е побарано албанскиот јазик да има приоритет во комуникацијата со потрошувачите во Дебар, вработените на шалтерот на ЕВН во Дебар добро да го познаваат албанскиот јазик, да има повеќе вработени во шалтерот за да нема редици на чекање, како и други барања поврзани со работата на ЕВН.

На мирниот протест, одредени граѓани побараа покрај за ЕВН да се протестира и против Хидроцентралата „Шпилје“ и ЕЛЕМ поради тоа што, како што беше речено таму, не се вработуваат дебарчани туку други и покрај тоа што Дебарското Езеро ги покри со акумулацијата најбогатите дебарски полиња.

реклама

Македонија

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more
 

Вести

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе