Прв до врв: Во недела сите на Водно, а на врвот еко забава

Под мотото „Сите на Водно”, во недела ќе се одржи ПРВ ДО ВРВ 2016, најмасовниот планински настан во Македонија.

Омилениот настан на скопјани и оваа година во програмата ги има трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, како и олимпискиот пикник на целта кај врвот, каде ќе се одржи музичкиот еко фестивал.

Стартовите на трките се закажани во 9 часот и 45 минути кај Музејот на град Скопје за велосипедистите, и во 10 часот кај основното училиште Кочо Рацин за оние кои ќе се натпреваруваат во трчање и планинарење.

На врвот од 11 часот ќе започне еко музичкиот фестивал каде ќе настапат групата Бета Хаус, Слаткаристика и DJ Гоце САФ. Во 13 часот ќе се одржи церемонијата на прогласување победници, а настанот ќе трае до 16 часот.

Сите пријавени учесници можат да ги подигнат своите стартни пакети денеска и утре на плоштадот Македонија, а оние кои доаѓаат од другите градови истото ќе можат да го сторат и во недела, на денот на трката, од 8 до 9 часот кај ОУ Кочо Рацин.

ПРВ ДО ВРВ 2016 е подготвен за сите љубители и поддржувачи на спортот, природата и музиката, во недела на целодневен хепенинг на Водно.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв во соработка со градот Скопје и со поддршка на деловната заедница.

реклама

Фит

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе