Концепти

Прв поглед на концептот Audi A9

5. ноември 2014 - 14:44 | Д.П.

Audi објави видео во кое го претставува новиот шеф на дизајн на компанијата Марк Лихте, како и неговиот прв проект - концептот A9.

Германскиот производител во видеото прво ја открива инспирацијата на Лихте кој објаснува од каде потекнува неговата страст за автомобилите.

Иако снимката не открива многу, може да се забележи дека A9 има агресивен преден дел и спортска линија.

Компанијата со овој модел го најавува дизајнот на следните модели, а самиот A9 би можел да се појави во 2017 година.

Информациите велат дека во него ќе се вградува моќниот 4.0 литарски V8 твин турбо мотор кој развива 600 коњски сили, а деталите ќе бидат познати на 18 ноември на промоцијата на автомобилскиот саем во Лос Анџелес.

 

Коментирај