Прв случај на самостоен напад на „робот убиец“

Првиот самостоен напад на вештачка интелигенција, „робот убиец“ врз човек, е регистриран во Либија, според извештајот на ОН кој протече во јавноста. Во извештајот се наведува дека во март 2020 година во судир меѓу либиските сили и одметната воена фракција, автономен авион следел човечка цел и ја нападнал.

Нема потврда дали нападнатиот војник бил убиен, но фактот дека беспилотното летало само одлучило да нападне е доволно загрижувачки.

Бројни експерти и научници со години предупредуваат на ваквото сценарио и повеќепати бараа да се запре развојот на овие „роботи убијци“, односно роботи и технологија што би работеле целосно самостојно на бојното поле.

Освен фактот дека ваквите роботи можат да направат грешки и да ја нападнат нивната армија или цивили, најлошото можно сценарио е и она во кое таквите автономни роботи би можеле да се побунат и да се обединат против луѓето.

Беспилотното летало користено во Либија е направено од турската воено-технолошка компанија STM, а станува збор за моделот Kargо 2, кој е опремен со експлозив и може да биде насочен кон метата како камиказа.

Но, освен фактот дека со овој дрон можат да управуваат луѓе, уредот има и „високо ефикасен автономен режим“, и е програмиран да напаѓа цели дури и во случаи кога не е поврзан со операторот од земја, т.е. може да се движи и напаѓа целосно самостојно.

Зак Каленборн од американскиот национален конзорциум за проучување на тероризмот и негов одговор при Универзитетот во Мериленд истакнува дека ова навистина може да биде првиот случај во кој беспилотно летало самостојно нападнало луѓе.

Тој наведува дека системот за препознавање на предмети не е сигурен, а слично размислува и неговиот британски колега Џек Вотлинг, кој за Fox News изјави дека дискусијата за „роботите убијци“ мора да биде „итна и важна бидејќи технологијата и нејзиниот развој нема да чекаат луѓето да се усогласат“.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе