Прв тизер: Популарната серија „Deadwood“ станува долгометражен филм
Поранешните ривалства повторно пламнуваат, а старите рани повторно се отвораат – ваша задача е само да ги проследите ликовите на „Deadwood“ како поминуваат низ предизвиците кои ги носи времето. Хит-серијата сега пристигнува во форма на долгометражен игран филм.
Главните ѕвезди на серијата „Deadwood“ се враќаат, овојпат на големото платно. Иан Мекшејн, Тимоти Олифант и Моли Паркер ќе се појават во долгометражниот филм базиран на серијата која се емитуваше од 2004 до 2006 година, со огромен успех.
Премиерата на филмот е закажана на 31 мај оваа година и тој ќе се појави на HBO.