Прв трејлер за „Good Omens“: Крајот на светот пристигнува набрзо
Што се случува кога еден демон и еден ангел ќе пробаат да го спречат раѓањето на синот на Ѓаволот? Она што никој не го очекува – низа од комични настани. Серијата „Good Omens“ го доби првиот трејлер, кој ги прикажува демонот Кроули и ангелот Азирафел во првите чекори од нивната мисија.
Адаптирана според истоимената книга на Нил Гејман и Тери Прачет, мини-серијата „Good Omens“ си го најде местото на Amazon Prime и ќе излезе во 2019 година.
Во главните улоги се појавуваат Дејвид Тенант (Кроули), Мајкл Шин (Азирафел) а во дел од епизодите ќе се појават и Ник Оферман, Џон Хем и Оскаровката Френсис МекДорманд.