Прв трејлер за музичката драма „Teen Spirit“
Британската актерка Ел Фенинг ја толкува главната улога во филмот „Teen Spirit“, кој раскажува приказна за млада и талентирана пејачка која се пријавува на талент-шоу со надеж дека ќе стане следната голема музичка ѕвезда.
Филмот доаѓа со посебно одбран саундтрак составен од кавер изведби на песни од Ели Голдинг, Ени Ленокс, Робин, Карли Реј Џепсен и многу други.
Премиерата на „Teen Spirit“ е закажана за 5 април 2019 година.