Филм & ТВ

Прв трејлер за новата ТВ-серија со Џенифер Анистон

12. август 2019 - 20:42 | А.С.

Очекувањата за новата ТВ-серија „The Morning Show“ се огромни и тоа поради неколку причини.

Покрај тоа што три големи холивудски имиња ги играат главните улоги, со оваа серија Apple TV+ прави огромен бизнис потег.

Првиот трејлер за серијата беше објавен денеска и потврдува дека главните улоги ќе ги играат Џенифер Анистон, Рис Витерспун и Стив Карел.

Трите холивудски ѕвезди ги играат ликовите на ТВ-водители во серијата што ќе биде достапна за корисниците на стриминг платформата есенва.

Apple очигледо многу верува во овој скап проект, а доказ за тоа е фактот дека веќе се договорени две сезони.

Анистон и Карел во серијата ги играат водителите и брачни другари Карен и Мич, а Витерспун е Бејли, нивната колешка и најголема конкуренција.

За Џенифер Анистон оваа серија е нејзиното големо враќање во светот на телевизијата.

Иако се појави на кратко во серијата на Бен Стилер „Burning Love“ во 2012 година, нејзина најголема ТВ-улога сепак е ликот на Рејчел Грин во мегапопуларната серија „Friends“ што е емитуваше од 1994 до 2004 година.

Витерспун, пак, има многу посвежо телевизиско искуство – серијата „Big Little Lies“ што ја продуцираше за HBO постигна глобален успех со две снимени сезони. Витерспун и Анистон исто така се продуцентки на „The Morning Show“.

Коментирај