Филм & ТВ

Прв трејлер за новиот филм на Емилија Кларк - „Last Christmas“

18. септември 2019 - 11:44 | А.С.

Ако уште не сте го преболеле завршувањето на ТВ-серијата „Game of Thrones“, а Денерис Таргарјен исто така ви беше омилен лик, наскоро ќе може барем да ја гледате Емилија Кларк на големото платно.

Новиот празничен филм „Last Christmas“ ќе има премиера во ноември, а носи сѐ што сакаме и очекуваме кај една романтична комедија: одлични актери, супер музика и срцепарателна приказна.

Не е случајно што филмот го носи насловот на познатата божикна песна на Џорџ Мајкл, бидејќи е инспириран токму од музиката на познатиот пејач.

„Last Christmas“ е во режија на Пол Фејг, работен по сценарио на Ема Томпсон и Грег Вајс.

Ликот на Кларк е сосема различен од оној во кој се навикнавме да ја гледаме во серијата на HBO. Кејт е девојка која се труди да се пробие како пејачка по трансплантација на срце, но после сѐ што поминала, нема многу волја за живот.

Останатите улоги ги играат Томпсон, Хенри Голдинг, Мишел Јео, Пати Лупон, Ингрид Оливер и Лидија Леонард.

Погледнете го првиот трејлер за „Last Christmas“, чија премиера е закажана за 8 ноември.

Коментирај