Прв трејлер за „Solo: A Star Wars Story“
Disney конечно ни овозможи да видиме како изгледа светот во новиот филм од филмската франшиза „Star Wars“, овојпат фокусиран на еден од главните ликови во оригиналната трилогија, Хан Соло.
По неколку променети режисери и креативни разлики преку кои студиото не можеше да премине, сега конечно пристигнува финалниот производ кој треба да ни покаже поголем дел од животот на Хан Соло.
Во главните улоги се појавуваат Алден Ехренрајх, Емилија Кларк, Вуди Харелсон, Доналд Гловер, Тенди Њутон и Пол Бетани, а режисер на филмот е Рон Хауард („A Beautiful Mind“). Премиерата е закажана за 25 мај.