Прв трејлер за воената драма „Midway“
Филмското студио Lionsgate вчера го објави првиот трејлер за епската драма за Втората светска војна насловена „Midway“.
Премиерата на филмот во режија на Роланд Емерих ќе биде на 8 ноември, 2020 година. Во филмот играат, меѓу другите, Патрик Вилсон, Ед Скрејн, Арон Екхарт, Денис Квејд, Менди Мур и Ник Џонас, а приказната се случува околу Битката за Мидвеј во јуни, 1942 година, настан што бил пресвртна точка во војната на Пацификот.
Снимањето на филмот наводно чини 100 милиони долари и се очекува да биде една од најдобрите воени драми во поново време.