Први во светот: Италијанците воведуваат задолжителни часови за климатски промени

Од следната година, во училиштата во Италија, во сите одделенија, задолжително ќе има настава за климатски промени и одржливост, како дел од обидите на земјата да се позиционира како лидер во еколошкото образование во светот.

Министерот за образование Лоренцо Фиорамонти, од редовите на антиестаблишмент-ориентираното Движење 5 ѕвезди (Movimento 5 Stelle), рече дека во наставната програма на јавните училишта ќе има околу 33 часа годишно посветени на теми во врска со климатските промени.

Овие часови ќе бидат вметнати во наставата за граѓанско образование, појасни портаполот на министерот, Винченцо Крамароса.

„Идејата е граѓаните на иднината да бидат подготвени за алармантаната климатска ситуација“, рече тој.

Материјалите за одржлив развој ќе бидат инкорпорирани во традиционалните предмети како географија, математика и физика.

Фиорамонти, кој работел како професор по економија на Универзитетот во Преторија, Јужна Африка, во интервју за Reuters рече дека целото министерство „се менува за да станат одржливоста и климата центарот на образовниот модел“.

„Сакаме италијанскиот образовен систем да биде првиот во светот што ги става животната средина и општеството во сржта на сѐ што учиме во училиште“, рече министерот.

Движењето 5 ѕвезди, од чии редови доаѓа тој, има историја на кампањи за заштита на животната средина и grassroots активизам.

Откако беше поставен на министерската позиција, Фиорамонти наидува на критики од десничарските опозициски партии бидејќи ги поддржува студентските протести против климатските промени и се залага за повисоко оданочување на производите од пластика и пијалаците што содржат многу рафинирани шеќери.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе