Први жртви при нападите на Турција во Сирија

Дамаск, 9 октомври 2019 (МИА) – Мирни жители во сирискиот пограничен град Рас ал-Ајн се повредени при нападите на турските воздухопловни сили и артилерија врз градот и неговата околина, објави телевизијата Al Hadas.

Според курдски извори, убиени се двајца цивили, а околу 20 се повредени. Исто така, загинале седум курдски борци од коалицијата Сириски демократски сили, а 16 се повредени. Телата им биле пренесени во болницата во градот Ајн Иса, кој се наоѓа северно од провинцијата Рака.

Телевизијата Al Hadas објави дека турските ВВС извршиле вкупно 16 напади врз позиции на курдските бунтовници, врз нивни контролни пунктови и бази во населените места Мешрафија, Хирбет-Банат, Ал Асадија и Бир Нух. Густи облаци од чад се издигнуваат над тие реони.

Турција ги нападнала и градовите Дарбасија, Маликија, Камишли во провинцијата Хасака, како и градовите Тел Абјад и Ајн Иса во Рака.

Се зголемува приливот на бегалци од граничните населени места.

Курдски претставници тврдат дека напад бил извршен и врз далноводи и водоводни станици, кои го снабдуваат со вода за пиење градот Хасаку.

реклама

Свет

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more
 

Вести

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе