Првиот кубански Ромео во филмот „Јули“

Вистинска приказна за познатата балетска ѕвезда Карлос Акоста, чија танчерска кариера забележа фасцинантен успех, имаше премиера на 25 ноември.

Филмот „Јули“ (Yuli) на шпанската режисерка Исиан Болеин е снимен по автобиографијата на балетскиот танчер Карлос Акоста и ја следи приказната за трнливиот пат до ѕвездите на момчето кое по инсистирање на својот татко, наместо на фудбалскиот терен го оствари сонот на балетската сцена и станува првиот црномурест играч кој ја добива улогата на Ромео во Лондонскиот Кралски Балет.

Заслугите за неверојатниот успех на светската балетска сцена ги препишува на својот татко, кој да го тргне од улиците на Хавана, инсистирал Карлос да се посвети на танцот, дисциплина и вежбање давајќи му го името Јули - воин. Реномираните балетски учители на Куба истотака го препознале неверојатниот талент на младото момче желно за други детски соништа наместо учење балет.

„Не ја одбрав својата кариера и одземена ми е слободата на одлучување што да сторам со мојот живот. Татко ми ме втурна во ова без моја желба, но сега сум благодарен. Навистина сум среќен и не смеам тоа да го заборавам“, изјави Акоста во едно интервју.

Младиот Карлос го игра десетгодишниот Едлисон Мануел Олбера,  а во филмот се појавува и самата ѕвезда Карлос Акоста за поверодостојно да го доближи својот живот до публиката.

Филмот од вчера игра во Кино Милениум и Синеплекс.

реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе