Македонија

Првиот милионер Џек Пот на Државната Видеолотарија на Македонија во 2017 е 1.676.401

12. јануари 2017 - 9:35 |

Низата милионери на Државна Видеолотарија на РМ за 2017 ја започнуваме со М.М. Тој е среќниот добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ освоен во Спорт Лаиф Трејд во скопско Шуто Оризари. Добивката вредна 1.676.401 денар е освоена на 10 јануари во 17:26.

Државна Видеолотарија по 25 милионери во 2016, го доби и првиот милионер за 2017. Среќниот играч М.М. е редовен играч на видеолотариските терминали на ДВЛМ. Во просториите на ДВЛМ, ни раскажа дека ова е негова прва добивка воопшто. На добивката МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТОТ вредна 1.676.401 многу и се радува. Звукот кој го слушнал кога ја освоил добивката го изненадил, а го доживеал како убав настан кој дефинитивно ќе му ја одбележи годината која само што започна. Планот за трошење на парите од добивката, првично вклучува купување нов автомобил.

Само за потсетување рекордниот износ на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на ДВЛМ досега е вреден 1.794.419 денари, а беше освоен на почетокот на декември во Вемакс Тобако во Кичево, минатата година. 

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни мината година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 26 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 37.827.187 денари. Покрај нив, освоени се и 3382 Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 25.371.237 денари.

Мината година на 12 октомври, под мото Играј за забава ДВЛМ го започна промотивниот караван низ Македонија. Во рамки на караванот, екипата на ДВЛМ на местата каде се поставени видеолотариските терминали, носи многу изненадувања, промотивни ваучери, подароци и забава. Досега се реализирани промоции во Прилеп, Битола, Кичево, Гостивар, Тетово, Македонски Брод, Охрид, Струга, Куманово, Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Штип, Струмица, Дојран, Валандово, Велес, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Богданци. А денес (12.01.17) и утре (13.01.17) караванот е во Скопје.

Коментирај