Првиот приватен робот тргна кон Месечината

Израелска компанија синоќа ја лансираше својата прва мисија на Месечината. Ракетата Falcon полета од Кејп Канаверал на Флорида носејќи го приватно финансираниот робот наречен Beresheet.

Ако слетувањето биде успешно, ова ќе биде првиот приватен лендер што стигнал до површината на Месечината. Досега тоа го имаат направено само ровери на владите на САД, Кина и на Русија.

Ракетата Falcon на SpaceX го испрати Beresheet во Земјината атмосфера и оттаму тој самостојно ќе го продолжи двомесечното патување.

Зад Beresheet стои компанијата SpaceIL, а нејзина цел е слетувањето на роботот да послужи како инспирација за други и подобри мисии.

Beresheet чини околу 100 милиони долари, а по слетувањето ќе ја фотографира околината и ќе ги испитува магнетните карактеристики на Месечината. Исто така, роботот ќе може да се движи, па задачите ќе ги обавува на повеќе локации.

SpaceIL беше еден од кандидатите за наградата Google Lunar XPRIZE за финансирана мисија на Месечината што требаше да ја обезбеди технолошкиот гигант.

Никој не ја доби наградата бидејќи ниту една компанија „не ги задоволи потребните критериуми“. Сепак, дел од нив продолжија со реализирање на нивните идеи, а SpaceIL е една од нив.

реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе