Првиот семафор во светот бил поставен пред 150 години
Првиот семафор во светот, кој се наоѓал во Лондон, бил поставен пред 150 години, пренесува BBC. Пред 150 години полицајци ги регулирале сообраќајните правци и раскрсници, а сето тоа се сменило во 1868 година кога бил поставен првиот семафор во Лондон, пред Вестминстерската палата.
Неговата кариера траела кратко, по само еден месец работа истекување на гас предизвикало серија експлозии во кои еден полицаец се здобил со тешки повреди. Оттогаш, Лондон чекал повеќе од 50 години на електричните семафори, кои во средината на 20-тите години на минатиот век биле донесени од САД.