Филм & ТВ

Првиот трејлер за психолошкиот хорор „The Invisible Man“

8. ноември 2019 - 13:24 | Б.С.Б.

Universal конечно го објави првиот целосен трејлер за „The Invisible Man“, новиот хорор научно-фантастичен римејк на истоимениот филм од 1933 година и модерна адаптација на истоимената книга од Херберт Џорџ Велс од 1897 година.

Филмот е во режија на Ли Ванел, а во главните улоги се појавува Елизабет Мос, Оливер Џексон Коен, Алдис Хоџ, Сторм Рид, Хариет Дајер, Сем Смит и други.

Трејлерот делува прилично морничаво.

Мос толкува улога на исплашена жена која се обидува да го остави нејзиниот сопруг, богат научник, кој се обидува да ја контролира и е целосно опседнат со неа. Таа дознава за веста дека се самоубил и дека ѝ оставил многу пари, но подоцна текот на настаните покажува дека се случува нешто друго.

Премиерата е закажана за 28 февруари 2020 година.

Коментирај