Првиот трејлер за третата сезона на Grand Tour
Новата, трета сезона на популарното автомобилско шоу со Џереми Кларксон, Ричард Хамонд и Џејмс Меј почнува во јануари, идната година.
Според тоа што може да се види од првиот трејлер, нè очекува интересна сезона со возбудливи тестирања на најновите модели на автомобили снимени низ различни локации низ светот. Популарното водителско трио прошета низ многу земји како Кина, Шведска, Колумбија, САД и Монголија за потребите на третата сезона на шоуто, чија прва епизода ќе се емитува на 18 јануари.