Првите потези на Пендаровски

Скопје, 23 мај 2019 (МИА) – Именувањето на новиот директор на Агенцијата за разузнавање, најавата за анализа на надворешната политика и за деблокада на процедурата за агремани за амбасадори, потпишаните закони на кои Ѓорге Иванов не стави потпис, покрај комплетирањето на составот на неговиот кабинет, се првите одлуки кои ги донесе претседателот на државата Стево Пендаровски по стапувањето на функцијата.

Пендаровски го назначи Ерол Муслиу за нов директор на Агенција за разузнавање. Муслиу порано работел во Управата за безбедност и контраразузнавање, а во последниве години во Агенцијата за разузнавање.

Покрај назначувањето на Муслиу, во наредните денови се најавува дека ќе бидат познати и имињата на лицата кои тој како свои членови ќе ги именува  во националниот Совет за безбедност. Советот за безбедност го сочинуваат претседателот на државата, претседателот на Собранието, премиерот, министрите кои раководат со органите на државната управа од областа на безбедноста, одбраната и надворешните работи, како и тројца членови назначени од шефот на државата.

Во делот на надворешната политика, Пендаровски ја одблокирал и процедурата за агремани за амбасадори која била блокирана од неговиот претходник Ѓорге Иванов, а најави и дека ќе побара од Владата и МНР анализа за сите дипломатско-конзуларни преставништва на земјава во странство и за компетенциите на амбасадорите за да се видат перформансите на надворешната политика.

Инаку, првата дестинација на шефот на државата во странство ќе биде посетата на Брисел во јуни за време на одржувањето Самитот на ЕУ кога се очекува и одлуката за одредување датум за почеток на пристапните преговори на земјава со Унијата.

Познат е и составот на кабинетот на Пендаровски. Генерален секретар ќе биде Миле Бошњаковски, кој досега ја извршуваше функцијата портпарол на Владата, шеф на протокол ќе биде Билјана Мицевска, одговорна за односи со јавноста ќе биде Катерина Цаневска, a Билјана Радева ќе биде прес-офицер, информираат од кабинетот на шефот на државата.

Советник за национална безбедност ќе биде Блерим Кољари, Александар Спасов како надворешен консултант ќе ја врши функцијата на советник за внатрешна и надворешна политика. Советници во кабинетот ќе бидат и Тоше Зафиров, Љуљета Адеми и Гоце Карајанов.

Во сферата на надворешната политика, надворешни советници ќе бидат поранешните шефови на дипломатијата Александар Димитров и Денко Малески и поранешниот амбасадор во Австрија, Сашо Тавчиовски.

Надворешни советници за правни работи ќе бидат и професорката Беса Арифи и поранешата судијка во Судот за човекови права во Стразбур, Мирјана Лазаревска Трајковска.

Стево Пендаровски беше избран на претседателските избори на 21 април, односно 5 мај, а беше инаугуриран на функцијата на 12 мај. 

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе