Живот

Психолошки профил на припадниците на хороскопскиот знак Девица

8. септември 2019 - 15:03 | А.С.

Астрологијата може да открие многу за еден човек, па со внимателно читање на она што има да го кажат ѕвездите, можете да ги читате луѓето како отворена книга.

Во моментов со зодијакот владее хороскопскиот знак Девица (23 август – 23 септември), па прочитајте го психолошкиот профил на припадниците на овој знак за подобро да ги запознаете нив или себе си.

Припадниците на хороскопскиот знак Девица имаат репутација на критичарите и сметководителите во зодијакот.

Тие се интелигентни, критични, способни и прилагодливи, но им недостига интуиција, инстинкт, имагинација и самодоверба.

Девиците учат со леснотија, имаат одлично помнење, а нивниот практичен дух налага знаењето да го спроведат во пракса.

Благодарение на способноста и прецизноста, се истакнуваат во многу зааети и колку повеќе се посветуваат на работата, толку повеќе се оддалечуваат од другите.

Ја ценат точноста, многу се совесни и одговорни. Не сакаат преправање, каприциозност, снобизам и паразити.

Анализираат сѐ, тежнеат кон совршенство и се многу критични поради тоа, но толку многу се посветуваат на деталите што губат осет за поголемата слика.

Потребно им е опкружување во кое ќе бидат поттикнувани и охрабрувани, бидејќи се многу несигурни во себе. Одбегнуваат ризици, особено кога станува збор за финансии, но се подготвени да помогнат.

Добро функционираат сѐ додека сѐ се одвива како што планирале, но ако се случи некакво скршнување од планот, ги фаќа паника.

Делуваат ладно и одмерено и речиси секогаш се загрижени. Најчесто им се замерува дека се недоволно чувствителни и приврзани.

Нивната дистанцираност може да биде привлечна за некои луѓе, особено ако исто така ве привлекува и интелигенцијата кај партнерот, но ладното држење и оддавањето впечаток на незаинтересираност кај Девицата може да ги обесхрабри и најупорните.

Кон пријателите ретко се целосно отворени, но би направиле сѐ за нив, иако тоа нема да го кажат со зборови.

Причината зошто не формираат длабоки пријателства или зошто не им успеваат врските најчесто е впечатокот што го оставаат дека секогаш треба да се знае кој колку дава, а колку добива во врската.

Коментирај