Ако сакаме да спиеме подобро и да се одмориме, мора да избегнуваме неколку работи.
Знаеме дека квалитетот на сонот може да го наруши тешката храна, алкохолот, користењето мобилни телефони и гледањето телевизија во спалната соба. Но, психијатарот Честер Ву тврди дека има една грешка што многу луѓе ја прават кога ќе се разбудат.
„Излежувањето е голема бариера за добриот сон“, вели д-р Ву. Тој истакна дека никогаш не лежи во кревет, освен ако не се работи за активности поврзани со спиење и интимност. Неврологот Челси Роршаиб се согласува со неговото мислење.
„Штом ќе се разбудам, станувам од кревет. На тој начин мојот мозок разбира дека спалната соба е само место за одмор, што промовира квалитетен сон", објаснила таа.
Експертот за спиење Карлеара Вајс ги објасни недостатоците на мрзеливоста во кревет по будењето.
„Редовното време на будење му помага на биолошкиот часовник да ги регулира физиолошките функции, а не само сонот. Спиењето за време на викендите води до социјален џет лег и предизвикува тешкотии во концентрацијата, замор, раздразливост и главоболки“, тврди тој.
Д-р Раџ Дасгупта вели дека излежувањето веројатно нема да има долгорочен ефект врз севкупниот квалитет на спиењето, но тој истакнува дека е важно да се има редовен распоред за спиење.
„Одржувањето конзистентен распоред за спиење, каде што се будите и одите во кревет секој ден во исто време, е навистина важно за да се обезбеди квалитетен сон“, изјави тој.