Publicis One го објави своето глобално и регионално лидерство

Publicis One денеска го објави своето глобално и регионално лидерство, номинирано од страна на Главниот Извршен Директор Јарек Зебински (Jarek Ziebinski).

Publicis One е глобална комуникациска компанија која под еден кров ги обединува сите брендови на Публицис Групацијата, како и сите можности и експертизи од 50 земји низ светот. Со повеќе од 7.500 вработени, Publicis One е присутен со свои активности во Латинска Америка, Европа, Блискиот Исток, Африка и Азија.

„На почетокот на оваа година започна многу значајна трансформација на Публицис Групацијата,  која вклучуваше и креирање на Publicis One, нова глобална комуникациска компанија. Кога го започнавме ова патување, нашата прва мисија беше да се создаде силен тим на лидери," изјави Зебински.

Новиот тим на Publicis One се состои од искусни лидери кои го претставуваат најдоброто од Публицис Групацијата, талентирани професионалци со големо искуство од различни средини, со претприемачки начин на размислување и посветеност кон брендовите во своето работење. Monica Gadsby е назначена за регионален Главен Извршен Директор во Латинска Америка, а Joseph Piazza е именуван за регионален Главен Финансиски Директор.

Nicolas Menat е назначен за регионален Главен Извршен Директор во Азија, а Ricardo Roces за регионален главен финансиски директор.

За да се обезбеди соодветно внимание на сите пазари, особено во рамките на сложениот регион на ЕМЕА (Источна Европа, Среден исток и Африка)  кој што опфаќа 25 земји, назначен е Johan Parmentier за регионален Главен Извршен Директор за Бенелукс земјите, додека Misa Lukic доби задача да го води регионот на Централна и Источна Европа како регионален Главен Извршен Директор.

Kevin Tromp е назначен за главен извршен директор за Африка.

Parmentier, Лукиќ и Tromp во своето работење ќе бидат поддржани од страна на David Clark, кој е назначен за регионален Главен Финансиски Директор за ЕМЕА.

На глобално менаџмент ниво, Alice McCreath е именуван за Главен Финансиски Директор, Maree Prendergast за Главен Директор за развој на таленти, додека Karen Lim за Директор за Комуникации.

Сите ново назначени глобални и регионални лидери на Publicis One веќе се на своите нови работни позиции и се целосно оперативни на своите пазари.

Maurice Lévy, Претседател & CEO на Публицис Групацијата изјави:

„Publicis One претставува целосно нов пристап кој ќе испорачува комплетни решенија на пазарот. Убеден сум дека под лидерство на Јарек Зебински, Publicis One ќе го испорачува најдоброто за своите клиенти, дека ќе ги привлекува најталентираните поединци и ќе нуди најдобри професионални можности, за да биде најдобрата агенција на секој пазар. Имам голема доверба во тимот избран од Јарек.”

 

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе