Пуштен во употреба гасоводот „Силата на Сибир“ долг 4.000 километри

Москва, 2 декември 2019 (МИА) – Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпин официјално го пуштија во употреба еден од најдолгите гасоводи во светот, „Силата на Сибир“, преку кој природен гас од Русија ќе биде доставен до Кина.

– Отворањето на гасоводот „Силата на Сибир“ ја подига руско-кинеската енергетска соработка на ново ниво, рече Путин.

– Овој чекор ја подигнува руско-кинеската стратешка енергетска соработка на квалитативно ново ниво и нѐ приближува до задачата што ја поставивме со кинескиот претседател Си Џинпин да постигнеме билатерална трговија до 200 милијарди американски долари до 2024 година, рече Путин на церемонијата на отворањето.

Кинескиот претседател истакна дека првото нешто што треба да се стори е да се обезбеди сигурност на гасоводот, а потоа грижа за животната средина.

– Важно е да се посвети посебно внимание на заштитата на животната средина, да се води сметка за експлоатација на ресурсите во интерес на зелениот, еколошки, енергетски ефикасен и ниско-карбонатен развој, рече Џинпин.

„Сила Сибири“ (Силата на Сибир) е проект на рускиот „Газпром“ и кинеската Национална нафтена компанија, а низ гасоводот од 4.000 километри ќе може да се пренесат до 61 милијарди кубни метри природен гас годишно, вклучувајќи 38 милијарди за извоз во Кина.

Договорот е склучен на 30 години, со вкупна вредност од околу 400 милијарди американски долари. Изградбата на гасоводот траеше повеќе од пет години.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе