Пуштена во употреба жичницата до врвот на Водно

Од денеска, на задоволство на скопјани, повторно е во функција жичницата до врвот на Водно.

По година и пол скопјани конечно повторно ќе можат да ги користат услугите на жичницата „Милениумски крст“ која од Средно Водно води до врвот Крстовар.

Жичницата беше ставена вон употреба како последица на мерките за заштита од ширење на коронавирусот некаде пролетта 2020 година. Потоа иако се отворија кафеаните, рестораните, диксотеките, спортските сали... жичницата воопшто не проработе.

„ЈСП ги заврши сите неопходни процедури за пуштање на жичницата во функција од технички и безбедносен аспект. Во изминатиот период направен е редовен годишен преглед од овластена институција, мониторинг од страна на Државен инспектор за жичници како и редовен технички преглед“, соопшти денеска градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која и прва ја извозе трасата до Крстовар.

Воедно, во оптек се пуштени и трите автобуски линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б).

Жичницата беше пуштена во употреба на 3 јуни 2011 година. Вкупниот капацитет на жичницата е 1.160 патници на час. Располага со 28 кабини за по 8 патници и 2 кабини за 4 патници. Се движи со брзина од 6 метри во секунда и должината ја совладува за 4 минути и 18 секунди.

реклама

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Read more

Македонија

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Read more

Стоилковски: 12-те директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

Read more

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење

Read more

Левица: Арсовска предложи набавка на еко-автобуси, ДПМНЕ гласаше против, водат инат на сметка на скопјани

Read more
 

Вести

Голема полициска акција во Скопје за дрога: приведени 28 лица, двајца се во притвор

Читај повеќе

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Читај повеќе

Почина скопски таксист: Возејќи патник на Словенечка доживеал срцев удар

Читај повеќе

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Читај повеќе

Враќање во иднината: 40 средношколци од различни градови викендов ќе работат на креативно изразување на ставовите преку видеа, графити, музика и облека

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовен руски напад врз енергетски капацитети во Украина

Читај повеќе

Стоилковски: 12-те директори на Хирургија да кажат колку операции и зафати се откажани во овие 15 дена

Читај повеќе

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица: Арсовска предложи набавка на еко-автобуси, ДПМНЕ гласаше против, водат инат на сметка на скопјани

Читај повеќе