Путин домаќин на мировната средба на лидерите на Ерменија и на Азербејџан

Кајгана / МИА
/ 31.10.2022 / 17:45

Рускиот претседател Владимир Путин беше домаќин на денешната мировна средба во Сочи меѓу лидерите на Ерменија и Азербејџан, организирана како обид да се реши долгогодишниот територијален спор меѓу двете поранешни советски републики.

На состанокот со ерменскиот премиер Никол Пашинјан поддржан од Москва,  Путин истакна дека целта е да се обезбеди мир и стабилност и да се деблокира сообраќајната инфраструктура за да се помогне економскиот и социјалниот развој на Ерменија.

Ерменија и Азербејџан со децении се во спор за регионот Нагорно-Карабах, населен главно со Ерменци и отцепен од Азербејџан, што доведе до војна во 90-тите со 30 илјади жртви.

Разговорите на Путин со Пашинјан и со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев се посветени кон спроведувањето на одредбите од Мировниот договор од 2020 година, постигнат со посредство на Русија.

Пашинјан изјави дека ќе инсистира Азербејџан да ги повлече трупите од руската мировна зона во Нагорно-Карабах и ќе побара ослободување на ерменските воени заробеници. Руските медиуми соопштија дека било разговарано и за продолжување на рускиот мировен мандат.

За време на шестнеделната војна во 2020 година Азербејџан поврати големи делови од Нагорно-Карабах и соседните територии што ерменските сили ги држеа со децении. Во тие битки загинаа повеќе од 6.700 луѓе. Русија тогаш распореди околу две илјади војници во регионот како мировници.

Бран насилства проследен со оружени судири повторно го зафати регонот во септември годинава, кога на двете страни загинаа повеќе од 200 војници. Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинуваат за избувнувањето на конфликтот.

Русија, која е главен сојузник и спонзор на Ерменија, одржува добри односи и со Азербејџан. 

Remote video URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе