Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша новиот закон кој предвидува намалување на казните за фамилијарното насилство. Организациите за заштита на правата на жените сега стравуваат дека тоа ќе го охрабри злоставувањето.
Reuters пишува дека злоставувањето од страна на роднина сега се третира како прекршок, а некако кривично дело. Според поддржувачите на законот, кои претежно се од партијата на Путин, измените се за да ги заштитат правата на родителите кои сакаат да ги дисциплинираат децата, како и за да го ограничат мешањето на државата во фамилијарниот живот.
Тие објаснуваат дека секој кој ќе нанесе тешки физички повреди и во иднина ќе биде кривично гонет.
Кремљ соопшти дека Путин го потпишал законот откако е изгласан во двата дома на рускиот парламент.
Сепак критичарите сметаат дека тој закон е чекор наназад, бидејќи ќе им даде сила на „куќните тирани“ и ќе ги обесхрабри жртвите да го пријавуваат насилството. Според извештајот на Обединетите нации од 2010 година, околу 14.000 жени секоја година во Русија го убиваат својот сопруг или пак близок роднина.
Неодамна, руската дума усвои и закон според кој насилството во фамилијата не превидува кривична одговорност ако е нанесено за прв пат.