Свет

Путин: САД на вселената гледаат како на театар за воени активности

4. декември 2019 - 20:13 | МИА

Москва, 4 декември 2019 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин смета дека САД целно го развиваат својот воен потенцијал за операции во вселената и на неа отворено гледаат како на потенцијален театар за воени активности, пренесе БТА.

Путин подвлекува дека Москва категорично се спротивставува на милитаризирањето на вселената, но американските чекори значат и дека Русија треба уште повеќе да го развива својот вселенски сектор.

Во денеска објавената завршна декларација од самитот на НАТО во Лондон учесниците во него подвлекоа дека Алијансата „вселената ја прогласи за своја сфера на активност”, со цел да ја зголеми својата безбедност „при почитување на нормите на меѓународното право“, забележива Тасс.

Коментирај