Свет

Путин со критики за продолжување на ширењето на НАТО

3. декември 2019 - 16:16 | МИА

Рускиот претседател Владимир Путин денеска упати критики за продолжување на ширењето на НАТО.

Според него е бесмислено проширувањето на НАТО, имајќи предвид дека не постојат закани од Москва по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Зборувајќи на состанокот на руските воени лидери во Сочи, Путин истакна дека ширењето на НАТО претставува закана за Русија, но се надева дека интересот за заедничка безбедност ќе преовлада.

И покрај тензиите, тој изјави дека Русија е подготвена да соработува со Алијансата. 

Коментирај