Путин: Во Сирија на страна на бунтовниците војуваат до четири илјади лица од Русија

„Во Сирија, на страна на милитантните групации војуваат околу четири илјади лица кои потекнуваат од Руската Федерација“, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со високите воени челници на Северната флота кои се вратија од извршувањето на борбените задачи во Средоземното Море во близина на сирискиот брег, зборувајќи за задачите на Русија и секташката поделба во Сирија.

„За сите нас подеднакво е важно тоа што, за жал, на територијата на Сирија се концентрираа голем број милитанти, жители на републиките на поранешниот Советски сојуз и од самата Русија. Според нашите првични информации, бројката се изразува во илјадници. Според податоците на Генералштабот на вооружените сили и другите нашите специјални служби, ФСБ, на пример, до четири илјади од Русија и пет илјади од републиките на Советскиот сојуз“, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со офицерите од Северноморската флота.

Притоа Путин истакнал дека Северната флота им нанела сериозни штети на милитантите.

„Се справивте со сите задачи кои беа поставени пред вас, им нанесовте сериозни, значителни штети на меѓународните терористички организации, врз нивите бази, складишта со оружје и муниција, нивната опрема и инфраструктура“, рекол рускиот претседател.

Путин истакнал дека во рамките на борбените операции во Сирија првпат биле употребени авионите „МиГ-29“ во поморски операции и со оружја со висока прецизност.

Истовремено рускиот претседател е уверен дека задачата на Русија во Сирија е да се задржи легитимната власт во Дамаск, и особено „да се стави крај на епидемијата од тероризам“.

„Не си поставивме задача да се мешаме во внатрешните работи на Сирија. Нашата задача е да се стабилизира во земјата легитимната власт и да му се нанесе решавачки удар на меѓународниот тероризам. А од тие позиции и натаму ќе дејствуваме“, рекол Путин.

Додал дека „многу брзо Сирија ќе се приближи до политичко решение, што на светската заедница и на нас самите ќе ни овозможи да се стави крај на терористичката закана која потекнува од територијата на Сирија“.

Рускиот челник, исто така, посочил дека во Сирија се забележливи и знаците на конфесионалниот раздор.

„Особено ме обеспокојува конфесионалната поделба, односно тоа што припадниците на одредена конфесионална заедница се концентрираат во едни региони од земјата (Сирија), а претставниците на другите во други региони, а тоа е образец за можни негативни последици за таа земја“, рекол Путин.

Рускиот лидер истакнал дека Сирија е мултинационална и мултиконфесионална држава, и „долго време беше секуларна држава, што беше гаранција за територијалната целост на оваа земја“ истовремено додавајќи дека територијалниот интегритет на Сирија е прашање на самите Сиријци.

„Неопходно е да се стори сè што е возможно за при решавањето на ова клучно прашање зачувувањето на територијалната целост на Сирија, да нема надворешно мешање. А нашата задача, и ние токму ја правиме таа работа, е борбата со терористичките групации“, порачува Путин.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе