Работник во најпозната пиварница во Кина снимен како уринира врз суровини, отворена е истрага

Макфакс
/ 22.10.2023 / 10:37

Еден од најголемите кинески производители на пиво објави дека менаџментот отворил истрага откако оваа недела се појави видео на вработен во фабриката како уринира врз суровини.

На видеото објавено на интернет во четвртокот наводно се гледа работник во складиштето на пиварницата Tsingtao (Цинтао) додека се качува на контејнер со високи странични ѕидови и уринира во неговата содржина.

Клипот кружеше на кинеските социјални мрежи и собра десетици милиони прегледи на популарната платформа Weibo.

Компанијата Tsingtao вчера соопшти дека контактирале со полицијата за инцидентот и дека истрагата е во тек. „Нашата компанија му придава големо значење на видеото кое излезе од пиварницата Tsingtao бр. 19 на 19 октомври“, се вели во соопштението на производителот на пиво.

Remote video URL

„Го пријавивме инцидентот во полиција штом можевме, а во истрагата беа вклучени и органите за јавна безбедност“, се додава.

„Во моментов, предметната серија слад е целосно запечатена. Компанијата продолжува да го следи процесот на управување во обид да го обезбеди квалитетот на производот.

Многу корисници на социјалните мрежи луто реагираа на видеото и изразија поддршка за еден од најпознатите кинески брендови за пијалаци.

„Предлагам компанијата да го одведе овој човек на суд и да го натера да плати отштета за штетата“, напишал еден корисник на Weibo, а некои ја искористија можноста да се потсмеваат на познатиот пијалак.

„Отсекогаш сум велел дека пивото овде е како коњска мочка. Излезе дека згрешив“, коментираше еден од нив, додека друг напиша: „Фала, мислам дека отсега ќе пијам вино наместо пиво“.

Tsingtao е втората по големина кинеска пиварница и добро стои на берзата во Хонгконг, а бројните барови низ Источна Азија обично ги полнат своите фрижидери со овој вид пиво.

Во последниве години, компанијата се обидува да се прилагоди на вкусовите на помладите кинески потрошувачи преку промени во производството на крафт пиво и други производи.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе