Работник од Гевгелија бил потиснат од метална решетка при вршење на работни задачи во село Николиќ, дојранско, при што на пат за болница починал.
Како што соопшти полицијата, во вторникот Т.С. (40) од Гевгелија како вработен во ТД „Нов Дом ДООЕЛ“ Гевгелија, вршел работни задачи во кругот на „Дојран Стил“, при што бил потиснат од метална решетка.
Работникот, од здобиените повреди починал на пат кон болницата. По наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.