Ракометарите ги започнуваат олимписките квалификации

Најдобрите македонски ракометари вечерва ќе го одиграа првиот меч на квалификацискиот тутнир за пласман на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Прв противник на „црвено-жолтите“ ќе биде домаќинот на турнирот, Полска. Мечот ќе се одигра во „Ерго“ арена, Гдањск (20:30 ч), претходно турнирот ќе го отвoрат Тунис и Чиле.

Македонија, во Гдањск, втор пат учествува на едни олимписки квалификации. Пред четири години, во Гетеборг, Македонија во конкуренција на Шведска, Унгарија и Бразил не успеа да се пласира на ОИ кои во 2012 се одржаа во Лондон.

Четири години подоцна во Гдањск, ракометарите имаат историска шанса да станат првата македонска репрезентација која изборила пласман на едни ОИ.

„Фокусирани сме само на овој турнир, на овие три натпревара. Не ме интересира кого ќе победиме, од кого ќе загубиме, ме интересира само да бидеме меѓу првите две екипи кои ќе патуваат за Рио“, рече пред заминувањето за Полска селекторот Обрван.

Шест дена ракометарите се подготвуваа за овој турнир, на кој како што најавија ќе играат без калкулации, ангажирано и мотивирано и со респект кон секој противник.

Селекторот Ивица Обрван, во Гдањск отпатува со 18 играчи, а за првиот меч со домаќинот реши во ростерот да ги нема пикерот Никола Марковски и десното крило Никола Костески.

По дуелот со Полска, Македонија ќе одигра уште две средби со Тунис (сабота) и Чиле (недела).

Пласман на ОИ во Рио де Жанеиро ќе изборат најдобрите две селекции од овој квалификациски турнир. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе