Ракомет

Ракометарите втор пат ја победија БиХ

5. јануари 2017 - 9:33 | Макфакс

Македонските ракометари, во контролен натпрервар, одигран зад „затворени врати“, ја совлада Босна и Херцеговина со 35:31. Овој дуел беше втор од трите закажани помеѓу двете репрезентации, Македонија победи на првиот одигран во вторникот (28:24), а третиот ќе се одигра денеска.

Слично како и на првиот меч Македонија во најголем дел имаше контрола на натпреварот,  а селекцијата на БиХ имаше две водства 2:3 и 19:20. Капитенот Лазаров со седум и Стоилов со шест гола беа најефикасни во македонската репрезентација.

Македонија овој меч го одигра без Талески, Велковски и Нелоски кои играат за младата репрезентација на квалификацискиот турнир за пласман на СП.

Коментирај