Рама: Без преседан, Србија стана жртва

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во врска со обвинувањата на Приштина кон Мирослав Лајчак рече дека тоа се работи кои „те оставаат без зборови“.

Според него, ваквите потези предизвикуваат поголема штета, наместо да ја подобрат состојбата, наведувајќи дека патот што го избра Албин Курти не е патот што води до целта.

Во интервју за ABC News, Рама рече дека пристапот на Приштина ѝ помага на Србија, бидејќи, според него, Србија станува жртва во очите на целата меѓународна заедница, пријателите и партнерите на Косово.

„Реакцијата на премиерот Курти пред неколку дена беше без преседан. Не се сеќавам на сличен случај, висок претставник на Косово директно да го обвини претставникот на ЕУ и да каже дека испратил писмо со жалба до официјалните лица, Шолц и Макрон. Тоа се работи кои ве оставаат без зборови и дополнително му штетат на она што наводно се обидуваат да го поправат, бидејќи теориите на заговор за соработката што ги откривте меѓу Србија и специјалниот пратеник на ЕУ не се нешто што е препорачливо да се прави“, рече Рама.

Не се сомнева, вели, желбата на Курти да го направи најдоброто за Косово, но никогаш не се доволни големата желба и добрата волја, потребна е стратешка визија за постигнување на целта, која тој овде не ја гледа.

На изјавата дека е малку парадоксално што Албанија претседава со Советот за безбедност, но е немоќна да влијае на Приштина, Рама одговара дека не сака да влијае на Приштина, бидејќи постои влада која произлегува од волјата на народот, а има одговорност да го води Косово и да го избере патот до целта.

„Заклучокот е дека мислиме дека патот што го избраа не води до постигнување на таа цел, туку води до судир со САД и ЕУ. Ова е тажно, но верувам дека е привремено“, рече Рама.

За него е извесно дека тоа не го носи посакуваниот резултат за Косово, што е заокружување на процесот на нормализација, а потоа и излез од „ќорсокакот на признавањето“, пред сѐ меѓу земјите од ЕУ.

„Тоа е и целта на француско-германскиот план и тоа требаше да биде најголемото можно достигнување, а тоа би било де факто признавање од Србија, без разлика дали Србија формално ќе го признае Косово или не. Косово ќе има свое место, би се ослободило од товарот на конфликтот во продолжувањето на евроинтеграцискиот процес. ЕУ инсистира на процесот на нормализација бидејќи сакаат да го интегрираат Косово во целата структура на меѓународната организација и во самата Унија, која никогаш нема да се случи ако Косово не го реши овој проблем“, рече Рама.

На прашањето дали смета дека Србија има корист од ваквата состојба, вели дека е жално што пристапот на Приштина ѝ помага на Србија, а не на Косово, бидејќи ја виктимизира Србија во очите на целата меѓународна заедница.

„Србија игра игра, бидејќи кратковидната политика на Приштина ѝ дава можност“, рече Рама.

На прашањето дали разговарал со украинскиот претседател за независноста на Косово, одговори дека „патот до конечното признавање на Косово минува низ Приштина“.

„Несомнено, разговаравме за тоа со претседателот Зеленскиј и за тоа во секое време разговараме со секој лидер кој претставува земја што не го признала Косово, но од друга страна, ние сме многу јасни и убедени дека патот до конечното признавање на Косово не оди преку Украина или Гана, Нигерија, туку поминува низ самата Приштина, која мора да се потруди до крај да го искористи отворениот пат на голема можност создаден од француско-германскиот план, со поддршка на сојузниците, туку го поткопува со пристап што не го разбирам“, рече Рама.

Тој оцени и дека напорите на „Србија и Русија“ повторно да се отвори прашањето за Косово во Обединетите нации се залудни.

Косово ја доби војната, вели тој, а Меѓународниот суд го потврди тоа.

„Ова се залудни пропагандни напори, но не водат никаде. Косово ја доби војната, Косово го потврди и самиот Меѓународен суд на правдата и тоа е неповратно. Поентата е дека Косово не е во состојба да освои мир, да го претвори мирот во добро кое треба меѓународно да се потврди и да се развива во сите правци“, рече Рама.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

Регион

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе