Рама нема да поднесе оставка: Сонцето повторно изгреа, ние продолжуваме со реформите

Тирана, 21 октомври 2019 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама го отфрли барањето на опозицијата за оставка по одлуката на Советот на ЕУ да не се отворат преговори со Албанија.

По средбата што ја одржа со претседателството на неговата Социјалистичка партија (ПС) Рама ја обвини опозицијата дека се обидува да го попречи процесот на европска интеграција за Албанија:

-Тие (опозицијата) работеа многу напорно и не оставија непоместен ни камен за да не успее процесот. Не успеја, затоа што успеавме да ја надминеме вештачки подигнатата бариера во првите шест месеци од годината и да ја добиеме поддршка на Германија, рече Рама.

Рама го повтори ставот дека неотворањето на преговорите за Албанија не се должи на недостаток на напредок на земјата, туку на внатрешните проблеми на ЕУ.

-Двете држави, Албанија и Северна Македонија, не можеа да го добијат она што им следува, како резултат на внатрешниот судир во европското семејство, посочи Рама.

Тој додаде дека оваа одлука не менува ништо за земјата и дека владата ќе продолжи со реформите

-Но, како што можете да видите, сонцето повторно изгреа, денот повторно почна и нашиот пат продолжува без никаков потрес и изедначување. Во практична смисла, ние сме јасни, мора да ја продолжиме нашата работа секој ден. Дури и да имавме „Да“, задачите се исти и без тоа „Да“, нагласи премиерот Рама.

Тој потврди дека набргу ќе има значајни средби, меѓу кои ќе биде и средбата со францускиот претстедател, Емануел Макрон. Истакна дека Социјалистичката партија ќе го води напред процесот на реорганизирање, дека ќе продолжи работата со изборните реформи и дека се добредојдени сите страни кои сакаат да придонесуваат. Според Рама во текот на месец јануари ќе бидат изгласани сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР.

Денеска опозициската Демократска партија побара спроведување предвремени парламентарни избори, исто како и во Северна Македонија. Партискиот лидер,Љуљзим Баша, рече дека албанската Влада треба да преземе одговорност за неуспехот на преговорите и да му го врати мандатот на албанскиот народ.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе